„Имаш канцер, што има срамно во тоа?“: На ѕвездата од „Очајни домаќинки“ животот ѝ го одбележале големи борби и трагедии

Точка

22/09/2022

17:00

4.192

Големина на фонт

а а а

Нејзе ја засакавме во популарната серија „Очајни домаќинки“, а малкумина знаат со какви проблеми се соочила во животот.

Актерката Марша Крос го толкуваше ликот на Бри ван ден Камп, една од очајните домаќинки која е позната по своите кулинарски умешности, смиреност, посветеност и секогаш средена фризура.

Големата слава ја стекнала со улогата во планетарно популарната серија чии репризи и денес се гледаат, а никој не можел да претпостави што сè ја чека во животот.


Таа се венчала за Том Махони, а со помош на вештачко оплодување ја добила и ќерката на 45-годишна возраст.

Пред тоа таа била 8 години во врска со трагичен крај. Имено, Марша била во врска со 25 години постариот Ричард Џордан којшто починал во 1993 година. Имал тумор на мозокот, а актерката тешко ја поднела таа трагедија.

Марша во 2019 година открила дека се бори со карцином на анусниот канал, а многу често отворено зборувала за процесот на лекување, но и на луѓето им ја зголемувала свеста кога ваквите работи се во прашање.

„Знам дека постојат луѓе кои се срамат од тоа. Но, од што? Па, имаш канцер! Не си направил ништо лошо затоа што си го добил во својот анус. Мислам реално, имаш поголеми проблеми од срамот“, изјавила актерката тогаш.

Марша две седмици одела на хемотерапии и после шест седмици на зрачење за да ја совлада опасната болест, а тука не е крајот.


На нејзиниот сегашен сопруг му бил дијагностициран канцер на грлото и актерката во една прилика истакнала дека многу повеќе го цени животот откако и двајцата успеале да се изборат со опасната болест.




Спонзорирани линкови

Маркетинг