Туристите разочарани: „Милано е полн со Кинези, Атина е запуштена, овој бугарски град е неправедно занемарен...“

Точка

22/09/2022

22:03

29.389

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите начини да ги избегнете туристичките замки на патувањата е да читате книги или форуми на кои патниците споделуваат совети, фотографии и искуства, а токму на Редит можете да најдете дискусии за европските градови кои може да ве изненадат – пријатно или непријатно.

На пример, корисниците на Редит напоменуваат дека Пловдив во Бугарија е неправедно занемарен и дека таму е многу подобро да појдете, отколку во Софија.

На пописот на градови кои непријатно ги изненадиле се нашол и Дубровник, првично поради гужвите и недостатокот на места за излегување, како и Цирих, поради недостапните луѓе. Членовите на форумот советуваат да се посети Дубровник напролет, кога нема гужви, цените се поповолни, а времето е топло.

Редит корисникот Лев Ковач од Австрија ги препорачува Париз, Валенсија и Манчестер, но Атина и Ливерпул не му се допаднале.

„Во Атина може да се најдат навистина многу интересни места, но поголемиот дел е запуштен, а Ливерпул ми е сив и депресивен“, пишува Лев.

Леонардо, друг Редит корисник ja препорачува Виена, „најчистиот град кој некогаш го посетил“, потоа и Венеција, без оглед на туристите, но Закопане во Полска не му го препорачува никому.

„Во Милано ме изненади големата кинеска заедница, како и најстариот кинески кварт во Европа, каде јадев вкусна кинеска храна“, пишува Нео-Тургор од Германија.

Други членови на форумот велат дека кинескиот кварт во Милано нуди одлични места за јадење, како што е „La Ravioleria Sarp“.

„Неапол пријатно ме изненади. Иако е хаотичен и валкан, а сообраќајот е ноќна мора, мислам дека е посебен, има многу ‘кул вајб’ и особена убавина. Негативно изненадување беше Брисел. Со оглед на тоа што неофицијално е главен град на Европа, штета е што некои делови од градот се запуштени и грди“, вели корисник на Редит од Германија, кој ја пофалил и Варшава, каде што живеел една година како студент. Бил изненаден од чистотата на улиците, како и интересната мешавина на историја и модерни карактеристики.



Спонзорирани линкови

Маркетинг