Бугарскиот министер за одбрана: Постои ризик поради мобилизацијата во Русија

Макфакс

21/09/2022

13:55

4.663

Големина на фонт

а а а

Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов во преодната влада, по повод делумната воена мобилизација најавена во Русија изјави дека постои ризик за националната безбедност на Бугарија, но нема директна закана.

Според Стојанов, најавената мобилизација природно води кон интензивирање на конфликтот, а неговиот крај е тешко да се предвиди, пишува БНР.бг.

„Постои ризик за националната безбедност на Бугарија, но нема директна закана. Бугарија е членка на НАТО, во системот на „колективна одбрана“ сме добро опишани со член 5. Ова ја гарантира нашата национална безбедност. Конфликт кој е замрзнат, тлее или жежок конфликт како во Украина е ризик за национална безбедност, каков било конфликт. Ние го чувствуваме тоа самите, гледаме што се случува со цените“, рече тој.

Преоданата влада денес прифати 13 инвестициски проекти за модернизација на бугарската армија.

Програмата е за приоритетни трошоци во вредност од 6 милијарди и 600 милиони лева, вклучувајќи ги и вторите 8 американски борбени авиони Ф-16 Блок 70 во вредност од 1 милијарда 296 милиони долари и вооружувањето за нив.

САД можат да ги испорачаат вторите 8 ловци на бугарските воздухопловни сили во 2027 година, истакна министерот Стојанов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг