Израелскиот премиер Јаир Лапид и турскиот претседател Таип Ердоган вчера се сретнаа на маргините на Генералното собрание на ОН, што го означи првиот разговор во живо меѓу лидерите на двете земји од 2008 година, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.
Односите меѓу Израел и Турција, двајца сојузници на САД, долго време беа на незавидно ниво поради жестоките спорови за палестинското прашање, но се „стопија“ во последниве месеци, а енергијата се појави како клучна област на соработка.
Се очекува наскоро двете земји да разменат нови амбасадори, пишува „Ројтерс“.
Israeli Prime Minister Yair Lapid meets Turkish President Recep Tayyip Erdogan at Turkevi Center in New York City on the sidelines of the 77th UNGA Session as both countries are taking steps towards reconciliationpic.twitter.com/eO3HLXbo7P
— Ali Topchi (@atopchi) September 20, 2022
Покрај разговорот за енергијата, Лапид му се заблагодари на Ердоган за размената на разузнавачки информации меѓу земјите и го истакна барањето на Израел за враќање на четворица негови граѓани, од кои двајца се војници, кои се исчезнати во Појасот Газа од војната во 2014 година.