Храна која го зголемува ризикот од настанување тромб: Секој ден ова го внесувате во организмот, а не знаете колку е штетно

Точка

20/09/2022

21:09

14.889

Големина на фонт

а а а

Здравјето често го занемаруваме, а најмалку обрнуваме внимание на исхраната и нејзиното влијание на целокупната состојба на организмот.

Се чини како за себе да почнуваме да се грижиме само кога веќе ќе е малку доцна. Со исхраната можеме многу да влијаеме на нашето здравје, а не сме свесни колку некои намирници можат лошо да влијаат на циркулацијата и крвните садови.


Сите знаеме дека крвните грутки можат да создадат многу сериозни компликации, а за да учествуваме во превенција и да спречиме создавање крвни грутки или тромб, за почеток можеме да започнеме од исхраната.

Она што секој ден го внесуваме во организмот и начинот на кој го подготвуваме, најмногу влијае на нас. Секој тромб може да биде опасен, а одредена храна може да ги забрза механизмите кои доведуваат до негово создавање.

Различни колбаси, па дури и чипс можат да бидат штетни по крвните садови, а едно истражување покажало дека храната пржена во растително масло може со текот на времето да го започне процесот на атеросклероза, што натаму може да доведе до крвни грутки.

Така подготвената храна може да го зголеми и LDL холестеролот, што сам по себе не е толку лош, но тоа може да доведе до настанување оксидативен LDL холестерол, а тој натаму може да предизвика оштетување на ѕидовите од артериите.


Значи, поголем дел од растителните масла содржат многу омега 6 масни киселини кои можат да доведат до воспаленија.

Со загревањето на овие масла, се менува и структурата, а со оглед на тоа дека воспалението е придвижувач на атеросклероза, тоа е и директната врска со настанување на крвни грутки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг