Два милиони прегледи за осум часа: Видео од Вестминстерската опатија го „засени“ погребот на кралицата – жена се обидела да се ракува, мажот ја игнорирал

Точка

19/09/2022

21:02

19.012

Големина на фонт

а а а

Во Лондон денеска се одржуваат низа церемонии по повод погребот на кралицата Елизабета Втора кои подразбираат и проповед во Весминстерската опатија.

При влегувањето внатре, забележан бил и еден непријатен момент којшто можел да се види во преносот во живо.

На церемонијата во Вестминстерската опатија по повод испраќањето на најдолговечниот британски монарх повикани биле 2.000 луѓе, меѓу кои имало и околу 500 светски лидери, па сè морало да помине во врвна организација.

Но, во текот на преносот во живо забележан бил еден момент којшто набрзо почнал да се шири на социјалните мрежи.

На видеото прикажана е капијата од опатијата во моментот на влегувањето на дел од лидерите на светските земји.

Гледајќи дека мажот задолжен за прием на гости се поздравува со рака со гостите, една од дамите кога стигнала на ред сама му пружила рака. Меѓутоа, мажот не ѝ вратил.

Таа повторно се обидела да воспостави контакт, но мажот само „лесно“ ја допрел по раката сугерирајќи ѝ да помине. Понатаму како што се гледа, жената чиј идентитет не е познат, направила гримаса како да ѝ е непријатно.

Моментот којшто е прегледан над милион пати на социјалните мрежи предизвикал бројни реакции од корисниците, а многумина пишувале дека им е непријатно само кога го гледаат моментот, а не пак да го доживеале.

„Мора да му го скршила срцето кога биле млади“, се пошегувал некој корисник во коментар.

Иако некои сугерирале дека ракувањето било само за лидерите на државите ширум светот, бројни корисници заклучиле дека секако не е оправдување за ваква непријатна ситуација во која се нашла дамата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг