На кралскиот погреб на Меган Маркл јасно ѝ било ставено до знаење каде ѝ е местото? Дошла во црнина, а сите гледаат во ова

Точка

19/09/2022

17:16

14.262

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл пристигнала на погребот на кралицата Елизабета втора.

Војвотката од Сасекс му се придружила на остатокот од кралското семејство во Вестминстерската опатија. Дошла со автомобил со Софи, грофицата од Весекс.

Меган пристигнала во црн фустан и црни потпетици, а целиот изглед го надополнила со шешир во истата боја.


„Мирор“ пишува дека кон Вестминстерската опатија одела неколку чекори зад Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, што многумина го протолкувале дека на тој начин јасно ѝ се става до знаење каде ѝ е местото во кралското семејство.

Имено, со оглед на линијата на наследство по смртта на кралицата Елизабета, принцот Хари е петти во редот за тронот (по брат му Вилијам и неговите три деца - принцот Џорџ, принцезата Шалот и принцот Луис), па затоа не е неочекуван протоколот според кој Меган Маркл стои во ред зад Кејт Мидлтон и на државниот погреб на кралицата.


За тоа време, сопругот на Меган, принцот Хари, се движел во поворката зад ковчегот.

Државниот погреб на кралицата Елизабета втора ќе се одржи во Вестминстерската опатија во Лондон. Таа ќе биде погребана вечер во капелата Свети Џорџ до замокот Виндзор.


На погребот ќе присуствуваат 2.000 луѓе, меѓу кои бројни кралски семејства, светски лидери, претседатели и премиери. Милиони луѓе ќе го следат настанот од дома и ширум светот, а погребот би можел да стане најгледаниот телевизиски пренос во историјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг