Среде говорот на погребот – ново, горко понижување! Принцот Хари доживеа уште една „шлаканица“ пред очите на светот

Точка

19/09/2022

16:12

28.736

Големина на фонт

а а а

На денешниот погреб на кралицата Елизабета Втора, особено внимание привлекоа принцот Хари и неговата сопрга Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс кои биле на видна дистанца од останатите членови на кралското семејство.

Изминативе денови, во медиумите можеше да се прочита дека парот доживеал повеќе непријатности од доаѓањето во Лондон, како на пример дека од медиумите дознале дека не се повикани на приемот кој кралот Чарлс Трети го организираше за светските државници.

Нетрпеливоста очигледно кулминирала денеска, кога Хари носел униформа без иницијали на кралицата (а, и неа одвај му дозволиле да ја облече), а Меган Маркл го поминува денот со Кејт Мидлтон која не ја погледнала ниту еднаш кога стоеле една покрај друга.

Меѓутоа, најнепријатниот момент се случил во текот на говорот на дамата Елизабет Малалa, која им се обратила на присутните на погребот.


Таа изразила најдлабоко сочувство на кралското семејство, но при набројувањето „заборавила“ дека кралот има уште еден син – Хари.

„Да се помолиме за Неговото височество, кралот Чарлс Трети и кралското семејство да ја спознае моќта на Бог. Семожниот Бог, изворот на сето добро, Ти се молиме за благослов на нашиот суверен крал Чарлс Трети, Камила и Вилијам“, изјавила таа.

Таа потоа споменала дека треба да се благослови и останатиот дел од семејството, но многумина веруваат дека принцот Хари не е случајно изоставен во говорот, кога веќе била спомената Камила.

Инаку, од вчера се шират гласини дека принцот Хари од медиумите дознал дека баба му починала.


„Јавноста е известена дури откако беше известен секој член на семејството“, изјавиле од ПР службата на кралското семејство, но во Лондон се шпекулира дека Хари ја добил информацијата дури откако веста за смртта на кралицата Елизабета Втора станала јавна.

Наводно имало проблем со тоа што принцот бил на лет за Шкотска каде пошол да ја посети кралицата откако слушнал дека е во лошо здравје, па не можеле да стапат во контакт со него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг