(Фото) Неочекувано лице на погребот: Најтажната принцеза на светот ја испраќа кралицата

Точка

19/09/2022

15:00

14.376

Големина на фонт

а а а

На погребот на кралицата Елизабета Втора присуствуваат голем број членови на европските кралски семејства, а меѓу нив имало и една малку неочекувана личност. Рака под рака со својот сопруг, дошла и принцезата Шарлин.

Принцезата Шарлин, која во медиумите го доби прекраот „најтажната принцеза на светот“, ретко се појавува во јавноста со својот сопруг.

Медиумите на долго и на широко пишуваа за нејзиниот наводен развод. Исто така, омилена тема во медиумите беше и нејзиниот повеќемесечен престој во Африка, за кој се тврдеше дека всушност е бегство од бракот во кој не сака да биде. Самата принцеза тврдеше дека во родната Јужна Африка останала подолго од планираното поради операција на синусите.

Исто така, по врќањето во Монако, се пишуваше за нејзиното наводно сместување во душевна болница, па и дека го напуштила сопругот и семејниот дом.


Парот се обиде да ги демантира овие наводи со фотографиите на кои позираше целото семејство, но наместо да ја убедат јавноста во она што сакаат, тие само ги подгреаја сомнежите дека нивниот однос не е најдобар. Принцезата ниту се смееше, ниту делуваше среќно, поради што всушност и го доби прекарот „најтажната принцеза на светот“.

Покрај принцот од Монако и принцезата Шарлин, на погребот на кралицата Елизабета втора присуствуваат и белгискиот крал Филип, заедно со сопругата, кралицата Матилда. Исто така, присуствувале и кралевите и кралиците на Холандија, Шпанија и Норвешка. Меѓу најочекуваните монарси е јапонскиот император Нарухито, кој ретко посетува други земји, а присутни се и кралот и кралицата на Бутан, Џигме и Џетсун, како и султанот од Брунеи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг