Има 54 години и денес изгледа подобро отколку во серијата: Актерката од „Чувари на плажата“ едноставно не старее

Точка

19/09/2022

22:01

11.706

Големина на фонт

а а а

Препознатливото лице од телевизиската серија „Чувари на плажата“ – Дона Дерико, изгледа како времето да запрело за неа.

Таа на 54-годишна возраст изгледа подобро од кога и да е, а тајната на својот изглед ја должи на деликатната нега на кожа.

„Трудете се негата на кожа да ви биде што поедноставна“, изјавила таа во една прилика.

Актерката признава дека сака да добива комплименти на сметка на својот физички изглед, но тоа понекогаш може да биде и контрапродуктивно за неа затоа што станува мета на разни критики од општеството и поводливи коментари.

Дона во една прилика доживеала и јавен линч преку социјалните мрежи поради тоа што гордо носела бикини на 54-годишна возраст.

Меѓутоа, разните зборови и лошата намера на нејзините следбеници не допреле до нејзините лични ставови, па таа не се „срамела“ да им одговори.

„Дозволете ми да ви кажам нешто што би можело да ве изненади – јас всушност можам да носам и да правам што сакам“, изјавила таа тогаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг