Фотографиите од идната кралица Кејт Мидлтон го воодушевија светот – кријат посебен детаљ

Точка

19/09/2022

14:04

13.235

Големина на фонт

а а а

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, денеска се појавила на погребот од кралицата Елизабета Втора и привлекла внимание во британската јавност.

Кејт на погребот пристигнала во елегантен, црн фустан, во придружба на своите деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Иако претходно не беше предвидено дека младиот принц и принцеза ќе се појават на погребот, палатата доцна синоќа соопштила дека и тие ќе бидат дел од погребот на кралицата.


Така настанале фотографиите од Кејт која влегува во Вестминстер, но и принцот Џорџ и принцезата Шарлот кои со наведнати глави го следат ковчегот на кралицата.

Церемонијата на погребот запонала, а Британците биле воодушевени од посветеноста на принцезата од Велс и нејзините деца.

На социјалните мрежи Кејт веќе е наречена „кралица“, а јавноста желно го очекува моментот кога таа навистина ќе стане тоа.

Кога кралот Чарлс нејзе и на Вилијам ќе им ги додели титулите принц и принцеза од Велс, тие ќе станат и први во редот за британскиот трон.


Кејт на погребот од кралицата како аксесоар избрала ѓердан од бисери кој ѝ го подарил кралицата.

Станува збор за трослоен, бисерен ѓердан со голем камен во средината.

Со оваа постапка Кејт уште еднаш покажала приврзаност кон кралицата, но и намера својата должност да ја заврши во состав со традицијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг