Кејти Холмс се појави на модната ревија на Том Форд и ја шокираше јавноста: Мрачниот стајлинг на многумина не им се допаѓа

Точка

17/09/2022

19:00

10.948

Големина на фонт

а а а

Иако не може да се каже дека актерката Кејти Холмс е стилска икона, таа ги оставила сите без здив на ревијата на Том Форд на модната недела во Њујорк.

Познатата актерка и поранешна сопруга на Том Круз седела во првиот ред во долг црн фустан, златни сандали и изразен златен прстен.


Таа ја воодушевила публиката со нејзиниот моден избор и драматичен изглед, кој повеќе би одговарал на Ким Кардашијан или Анџелина Џоли, отколку на повлечена актерка.

Том Форд, инаку, е еден од омилените креатори на Кејти Холмс, но и нејзин пријател. Ако избира црни комбинации како класични костуми, секогаш го носи неговиот бренд, па тоа на некој начин му била и посвета.

Модните критичари нејзиниот изглед го нарекле малку „мрачен“, бидејќи Кејти е личност која најдобро се чувствува во романтични фустани со лелеав крој.


Но, очигледно со овој моден чекор, поранешната сопруга на Том Круз сакала да покаже дека има доволно самодоверба да ја игра стилската игра, исто како што ги презела уздите во свои раце во приватниот и деловниот живот.

Имено, таа сè повеќе режира и пишува филмски сценарија, а нејзиниот последен филм „ Alone Together“, кој летово се прикажуваше во американските кина, доби доста солидни критики.





Спонзорирани линкови

Маркетинг