(Фото) „Volkswagen“ укинува уште еден модел – компанијата му подготви достојна замена

Точка

17/09/2022

15:39

22.909

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за „Golf“, сите опции и натаму се отворени.

Во „Volkswagen“ се одлучни да се откажат од лимузините, барем кога станува збор за верзиите кои ги придвижуваат фосилни горива.


Откако одлучиле од понудата да ја повлечат лимузината „Passat“, гигантот од Германија наводно одлучил дека и поголемиот „Arteon“ повеќе нема да го произведуваат. Добрата вест за сите фанови е дека сето тоа нема да се случи „преку ноќ“, но и дека се подготвува достојна замена.

Имено, како што дознава „Automotive News“, „Arteon“ нема да биде повторно произведен, а сегашната генерација заминува во пензија во 2024 година. Ќе биде заменет со ID моделот „Aero“ чиј концепт беше најавен претходно годинава.


Како што е познато „ID. Aero“ користи MEB платформа, а најавениот концепт понудил домет од 620 километри во комбинација со батерии од 77 kVh. Потоа би требало да се појави сериски модел којшто најверојатно првпат ќе биде претставен на кинескиот пазар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг