Спалети по новата убедлива победа на Наполи: Ова е нашиот пат, мора…

Дерби

15/09/2022

16:28

2.198

Големина на фонт

а а а

Составот на Наполи избори уште една победа во Лигата на шампионите и тоа на гостувањето во Шкотска кај Глазгов каде славеше со убедливи 3-0.

Наполитанците покажаа квалитет, знаење и потврдија дека сигурната победа над Ливерпул не била случајна.

- По овој натпревар, мораме да го задржиме нашиот мозок вклучен и да не одиме понапред од што треба, дури ако е многу важен резултат. Ренџерс немаше играно во Лигата на шампионите 12 години, па знаевме дека ќе го имаат овој жесток почеток на мечот на овој легендарен стадион, но издржавме, игравме, никогаш не ја изгубивме од вид нашата цел и каде сакавме го однесеме овој меч.

- Не го искористивме доволно нашиот квалитет во последната третина во првото полувреме, но потоа го направивме тоа подобро по паузата. Она што го направивме е да се бориме за секоја топка, тоа овде ни беше потребно, - рече тренерот Лучијано Спалети и додаде:

- Со оглед на тоа што го совладавме Ливерпул, ќе се вратевме назад ако не го победвме Ренџерс. Беше тешко, но тимот никогаш не се сомневаше во ставот што треба да го преземе. Многу сум задоволен од моите момци, тоа е сигнал за нас самите, бидејќи ни треба потврда за да веруваме во нашите можности. Оние кои влегоа од клупата завршија добра работа, Ндомбеле покажа голема физичка сила во тие битки, - заклучи предводникот на наполитанците кој имаше краток коментар за престојното дерби со Милан.

- Милан е одличен тим, сега треба да се опоравиме и потоа да одиме таму да ја играме нашата игра, исто како што направивме вечерва. Ова е нашиот пат, ние сме сигурни во она што го правиме и мора да продолжиме така, - порача Лучијано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг