Миленикот на жените од хит-серијата драстично го сменил изгледот, некои не го препознале: „Да не добил улога во House of Dragons?“

Точка

15/09/2022

15:27

7.670

Големина на фонт

а а а

Патрик Демпси ја изненадил публиката со својата драстична промена на изгледот кога се појавил на доделувањето на наградата „Disney Legends 2022“.

Американскиот актер и ѕвезда од серијата „Вовед во анатомија“, Патрик, бил речиси непрепознатлив кога се појавил на доделувањето на споменатата награда.


Наместо својата препознатлива фризура, односно подолгата темна коса, 56-годишниот актер се појавил со платинеста коса и сите ги оставил во чудо.

„За жал или за среќа, познат сум по својата коса. Значи, ова многу ги налути луѓето. Не знаат како да го прифатат. Или ме сакаат или ме мразат“, изјавил тој за „Variety“.

„Што се случило со Патрик и неговата коса?“, „Ми треба една минута ова да го сфатам“, „Дали добил улога во House of Dragons?“, „Изгледа како Кен“, биле само дел од коментарите кои се појавиле на социјалните мрежи.

Патрик статусот на миленик на жените го добил во драмската серија „Вовед во анатомија“ како Дерек.

„Ги тероризираше колегите и многу од него сè уште имаат некој вид на ПТСП“, изјавил извршниот продуцент на серијата, Џејмс Д. Париот.


„Беше таков на сетот поради тоа што знаеше дека може да го запре снимањето и да ги преплаши луѓето“, додал Париот, а се присетил и на неговиот конфликт со колешката Елен Помпео.

Тој често влегувал во конфликт и со авторката на серијата Шонда Рејмс што ја довело и до конечната одлука неговиот лик да умре во 11-та сезона од серијата.


И покрај тоа што тој е најпознат по таа серија, сепак наскоро ќе ја повтори својата улога во новото продолжение на еден од омилените филмови на Дизни „Disenchanted“ заедно со Ејми Адамс чија премиера се чекува во ноември годинава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг