Брижит Макрон или кралицата Ранија? Моден двобој – платиле фустани од 1.000 евра, сепак една издоминирала

Точка

15/09/2022

21:28

14.942

Големина на фонт

а а а

Јорданската кралица Ранија му се придружила на својот крал Абдула II и нивниот син во посета на Париз. Во улога на домаќин во Елисејската палата ги дочекал претседателскиот пар Макрон.

Посетата на француската престолнина, јорданската кралица Ранија ја означила со ефектен стајлинг за каков во улога на домаќинка се одлучила и првата дама на Франција – Брижит Макрон.


Оваа поранешна наставничка со функција на прва дама на Франција развила препознатлив моден стил и ретко кога излегува од својата комфор зона, а нејзиниот стил најчесто е составен од совршено скроени капути и сакоа, тесни панталони или минијатурни фустани со А-крој во кои доаѓа до израз нејзината витка фигура.

За средбата со јорданската кралица ниту овојпат не се откажала од своите добитни модни комбинации, издание кое е креирано од бел фустан до колена. Неговите ракави се нагласени со детали - бели копчиња, а како бројни модни парчиња досега и оваа креација е од брендот „Луј Витон“.


Елегантниот фустан 69-годишната Французинка го надополнила со беж салонки, а на нејзиниот стајлинг одлично ѝ парирала јорданската кралица Ранија која важи за една од најдобро облечените жени на планетата.

Една од најубавите, но и најдобро стилизирани кралици на светот привлекла внимание во светло-синиот фустан кој го платила цело богатство.


За да ја направи поформална, нејзиниот оригинален прорез на подрачјето на стомакот го покрила со ткаенина со иста боја, а таа е позната и како љубителка на аксесоари, па носела и чанта со потпис на италијанскиот бренд „Фенди“.

Како и првата дама на Франција таа го заокружила своето модно издание со класични салонки чија бела верзија ја потпишува дизајнерот Џими Чу.

Кога од нив две е поубаво облечена?




Спонзорирани линкови

Маркетинг