(Фото) Интернетот „распали“ по Меган Маркл поради еден потег: Нејзината постапка пред ковчегот на кралицата разбесни многумина

Точка

15/09/2022

11:46

24.726

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл повторно била во центарот на вниманието додека присуствувала на погребната поворка на нејзиното височество кралицата!

„Меган Маркл се обидела да се „контролира“ на погребната поворка на кралицата, но повторно беше во центарот на вниманието“, изјавил експерт за говор на телото.


Поворката го следеше ковчегот на кралицата од Бакингемската палата до Вестминстерската палата каде што ќе биде до погребот на кралицата во понеделник, а синоќа посебно внимание привлекол еден потег на Меган.


На поворката присуствувале познати лица од кралското семејство, а многумина биле задоволни што ги виделе Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, како повторно поминуваат време со остатокот од семејството. Сите членови ѝ оддале почит на кралицата, а Меган Маркл била видена како длабоко се поклонува пред ковчегот на кралицата.


Со својот гест Меган трогнала многумина, но има и такви кај кои предизвикала страшни реакции. Многумина го сметаат нејзиниот потег кон кралицата како лицемерие. Тие исто така ја истакнуваат комплексната врска меѓу Меган и дворецот. Вистина е дека Мегзитот предизвикан од американската актерка и британскиот принц беше тежок удар за Елизабета Втора, но не треба да го игнорираме фактот дека Меган и Хари се обидоа да ја заштитат кралицата од нивните нималку безопасни закани насочени на сметка на дворецот.


По кратката служба, Меган и Хари биле видени како се држат за рака, како и Зара и Мајк Тиндал - по 38-минутната поворка до Бакингемската палата, пренесува Мирор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг