Ристовски: Го знам тој Леао, висок е три метри, а паѓа на секоја топка

Дерби

15/09/2022

11:45

1.106

Големина на фонт

а а а

Динамо Загреб не успеа да направи уште едно изненадување во Лигата на шампионите и загуби со 3-1 од Милан на гостувањето во Милано.

Домаќините беа поконретни, дадоа голови на крајот на првото и почетокот на второто полувреме што дефинитивно беше удар за хрватскиот првак по што точка стави Побега во 77 минута.

Нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски беше стартер на овој меч и мораше да води голема борба со офанзивците на калчолигашот пред со со Рафаел Леао.

- Игравме против клуб кој е топ 5 во Европа. Тие се еден од најтрофејните клубови, па можете само да учите во ова натпреварување. Секоја наша полугрешка ја казнува противникот. Мора да излеземе горди, да продолжиме по нашиот пат. Веруваме дека можеме повеќе, но распоредот е густ. И само треба да се префрлите на ХНЛ што е веќе во недела, па доаѓа репрезентацијата, -истакна Ристовски.

- Мило ми е што сакавме да направиме нешто повеќе. Тука доаѓаат екипи кои се среќни со висок пораз. Имаме одличен квалитет во соблекувалната и тоа се покажува, -додаде Стефан кој даде коментар за Леао кој изнуди пенал и запиша асистенција на „Сан Сиро“.

- Што знам, имаше некаков контакт. Го знам тој Леао. Толку е голем, висок е три метри, а паѓа на секоја топка, -рече дефанзивецот кој беше запрашан и за третиот гол на „росонерите“.

- Сите му побегнаа и што сега…Знаете тешко е да се одбраните кога така ве притискаат. Имавме и наш период, неколку можности, но Милан заслужено победи. Треба да играте перфектни 90 минути. На овој стадион паднале големи гиганти. Немаме што да загубиме и продолжуваме понатаму – заврши Ристовски и ги насмеа сите присутни новинари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг