Докторка објаснува зошто не треба да спиете помалку од шест часа во текот на ноќта

Точка

14/09/2022

16:30

10.367

Големина на фонт

а а а

Доколку спиете помалку од шест часа, постои голема можност да се соочите со здравствени проблеми.

Докторката Ребека Робинс во интервју за „Telegraph“ навела дека во мозоците на луѓето кои спијат помалку од шест часа се создаваат токсини кои предизвикуваат и тоа како сериозни последици врз здравјето.

„Со текот на времето токсините ќе се соберат и можат да предизвикаат неврокогнитивни нарушувања. На крајот може да дојде до појава на Алцхајмерова болест, односно деменција“, навела докторката.

Таа потсетила и дека истражувањето покажало дека оние кои немаат квалитетен сон исто така имаат двојно поголем ризик од настинка и грип.


Совети за поквалитетно спиење

Клучно е да го одредите времето кога ќе си легнете навечер да спиете и да го почитувате тој план.

Д-р Робинс исто така споменала и дека пред да си легнете да спиете не треба да го користите мобилниот телефон ниту пак било кој друг електронски уред. Медитацијата може да ви помогне да заспиете побрзо, доколку имате проблем со тоа.

Исто така температурата во собата треба да биде од 16 до 20 степени Целзиусови поради тоа што тоа е идеална температура на воздухот за спиење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг