Кралот Чарлс III изминативе денови ја изненади јавноста со своите експлозивни реакции, но сега покажа дека и тоа како има смисла за хумор.
На интернет сега масовно се споделува видео старо неколку месеци, а во кое тој шеговитo одговорил на повикот за пиво кој му го упатил еден од граѓаните.
Во видеото кое е oбјавено на ТикТок Чарлс им мавта на собраните луѓе пред дворецот, а потоа еден од луѓето го повикува на пиво.
„Чарлс, сакаш да одиме на пиво?“, му викнал граѓанинот, а Чарлс потоа го замолил да го повтори прашањето поради тоа што не го слушнал добро.
Кога го сфатил прашањето, низ насмевка му возвратил: каде, на што сите присутни почнале да се смеат.
„Мора да ми препорачате некое место“, рекол Чарлс.
Многумина коментирале дека кралот Чарлс е приземна личност и дека има иста смисла за хумор како и покојната кралица Елизабета Втора.
„Чарлс изгледа како навистина пријатна и приземна личност“, коментирале луѓето.
Други додале дека претходно не им се допаѓал, но сега веќе почнуваат да го сакаат и дека сепак тој би можел да биде добар крал за граѓаните.