Пет работи кои никогаш не смеете да ги трпите во врска: Ако препознаете барем една, имате проблем

Точка

14/09/2022

16:47

25.825

Големина на фонт

а а а

Проблемите најлесно се решаваат доколку се забележат навреме, затоа внимавајте на однесувањето на партнерот.

Додека партнерите се заљубени, тие често не ги гледаат работите онака како што навистина се. Во тие моменти на работите гледаме низ розови очила.

Сепак, тоа не значи дека сè е во ред и дека она што е под „тепих“ нема да излезе на површина за многу кратко време. Ако погледнете внимателно, лесно можете да забележите дека нешто не е во ред.

Обрнете внимание на овие работи пред да ви се скрши срцето.

Мразите кога постојано ви се јавува на телефон

Името на личноста со која сте во врска на екранот на вашиот мобилен телефон треба да ви донесе насмевка на лицето. Ако сè почесто се „муртите“ кога ви се јавува, тоа значи дека нешто не е во ред.


Неговите потреби се приоритет

Во нормална врска, односот треба да биде 50:50. Ако секогаш размислувате што тој би сакал и се ставате себеси на второ место, а тој тоа мирно го прифаќа, не сте во врска која е добра за вас.

Не ги исполнува своите ветувања

Ако постојано ветува работи кои никогаш не се случуваат, тоа е знак дека само се обидува да ве изманипулира со своите ветувања.


Често го оправдувате, а не треба

За некои работи навистина има оправдување, но за некои треба да се повлече линија. Ако барате оправдување за секое негово однесување и често се обвинувате себеси, не сте во здрава врска бидејќи тоа не е нормално.

Врската ви ја уништува самодовербата

Добрата врска нè прави полни со самодоверба, а ако вашата постојано опаѓа, многу е можно тоа да е затоа што прифаќате работи што не треба да бидете.




Спонзорирани линкови

Маркетинг