Еве кои уреди ви ја трошат струјата и кога не работат

Точка

09/09/2022

18:45

32.004

Големина на фонт

а а а

Поради моменталната ситуацијата во светот многумина размислуваат за начини да заштедат, односно да ги намалат трошоците, а еден очигледен начин ни се крие пред носот.

Станува збор за исклучување од струја на уредите кои сме ги изгаснале или сме ги ставиле на "stand by", а кои трошат струја и во тој режим. Оставањето на ваквите уреди вклучени е нешто што сите го правиме, но на долги патеки таа навика може да не чини повеќе од тоа што мислиме, наведува "City Magazin".

Кога овие уреди се вклучени во струја, дури и ако не работат, тие трошат струја, а ова е се најголемите "виновници".

Телевизор

Сите го гасиме телевизирот така што го притискаме црвеното копче, но тоа не го исклучува од струја, туку само го става во режим на спиење. Тоа значи дека струјата и натаму минува преку него и тој и натаму троши, што можеби не се гледа толкуна месечно ниво, но на годишно и тоа како се гледа и не е занемарливо.


Конзоли

На слична тема, конзолите за видео игри често не се исклучуваат во целост за подоцна брзо да се вклучат и да започнат со работа, а тие воопшто не трошат малку струја и кај нив заштедата се забележува дури и на дневно ниво. Поради тоа, следниот пат кога ќе завршите со играње, исклучете ја конзолата од штекер.


Фрижидер/Замрзнувач

Фрижидерите и замрзнувачите се постојано вклучено од очигледни причини, па не изненадува фактот дека околу 12% од електричната потрошувачка на домаќинствата е резервирана за нив. Иако не можеме да ги исклучиме кога ќе излеземе од дома, можеме да преземеме едноставни чекори за да ги направиме поефикасни, односно помали потрошувачи на струја.

Редовното чистење на фрижидерите, од надвор и од внатре, овозможува да не трошат повеќе енергија од потребното, а истото важи и за повремено одмрзнување за да не се соберат резерви на мраз.


Полначи

Ни полначите за телефон и другите уреди воопшто не мора да бидат постојано вклучени во струја, бидејќи тоа прилично чини. Тоа го правиме сите, но кога би почнале со ред да ги исклучуваме сите полначи за телефони, таблети и останати уреди, сигурно би виделе голема разлика по некое врее.


Електричен котел за вода

Електричниот котел за вода не троши многу струја ни кога работи, но кога тој не се користи секој час, апсолутно нема потреба да остане вклучен во струја цел ден, од финансиски, но и од безбедносни причини.




Спонзорирани линкови

Маркетинг