Целиот блиндиран, отпорен на куршуми и бомби! Мерцедесот на Ергдоган од половина милиони евра блеска од луксуз, го прави посебно одделение

Точка

09/09/2022

18:46

27.594

Големина на фонт

а а а

"Mercedes-Maibach S650 V12 Guard" на турскиот претседател е направен во посебно одделение на брендот за заштитени лица.

Претседателската лимузина во која се вози турскиот претседател Ердоган со години го привлекува вниманието на луѓето. Станува збор за "Mercedes-Maibach S650 V12 Guard" кој Ердоган го користи од 2019-та година, а се возел во него при посетите на бројни земји на сите континенти.

Црната лимузина со престижното знакче на "Maibach" е навистина нешто посебно. Станува збор за луксузната "C" класа кја ја произведува одделението "Guard" на "Mercedes". Тоа специјално одделение на "Mercedes" повеќе од девет децении прави блиндирани модели за специјална заштита на светските лидери, а првиот блиндиран "Mercedes" е направен за јапонскиот цар во далечната 1930-та година.


Луксуз, удобност, опсежни можности за прилагодување и фабрички интегрирана максимална заштита и денес се елементи на секој "Mercedes" од дивизијата "Guard". На пример, сите дополнителни заштитни елементи за вратите, задниот ѕид, страничните компоненти, кровот и противпожарниот ѕид не се вградуваат дополнително, туку се интегрирани во каросеријата од самиот почеток во посебниот производствен процес.

Лимузината на Ердоган има балистичка заштита "VP9" и "VP10", што значи дека возилото може да издржи многу сериозни удари како што е куршум од пушките "M60", "M14" или "FAL-FN" на далечина од 10 метри, или куршум од пушка "M16", "357 Magnum", "44 Magnum" и 20-милиметарски фрагментиран куршум и експлозија на граната.


Покрај тоа што автомобилот е целосно блиндиран, тука се и системите како што е довод на свеж воздух за итни случаи кои ги штити патниците од чад или иритирачки гасови, самоактивирачки систем за пожар како и специјални гуми кои овозможуваат возење дури и ако се дупнат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг