(Фото) Овој ѕвер вози на струја и има 1.200 коњски сили

Точка

05/09/2022

23:00

22.453

Големина на фонт

а а а

Британскиот произведувач на екстремни спортски минијатури влезе во светот на електричните возила и понуди автомобил за паметење.

"Ariel" овој автомобил го нарече "Hipercar" и со тоа ги покажа јасните аспирации да докаже дека ваквиот неверојатен изглед не е без покритие. Купувачот ќе може да избере меѓу две изведби, со четири или два електромотори, а од тој избор ќе зависи и типот на погонот. Топ изведбата со четири електромотори и погон на сите тркала ќе располага со 880 kW и 1.200 коњски сили, што значи дека 96 км/ч постигнува за 2.09 секунди, а 161 км/ч за само 4,4 секунди.


И тука не е крајот бидејќи со имплементацијата на конечниот "Torque Vectoring" состав времињата ќе бидат уште подобри. Батеријата од 62 kWh ја дава "Cosworth", а ќе нуди домет од 240 километри според WLTP. Во улогата на "Range Extender", "Ariel" ќе понуди турбина на "Cosworth" која се врти со 110.000 вртежи во минута и произведува 35 kW/48 КС.


Најдобро од се е дека овој болид со четири електромотори и алуминиумска монокок шасија нема да тежи повеќе од 1.500 килограми. Од техничка страна потврдени се "Bilstein" амортизерите и "AP Racing" сопирачките. Во исто време, можно е да се вклучи регенеративното сопирање и да се дозира неговиот интензитет.


На приложените фотографии го гледаме прототипот, додека продукциската верзија допрва следува. Сепак, од "Ariel" се надеваат дека првиот примерок на купувачите ќе им биде доставен за две години. Цената е непозната, а од “Ariel” се надеваат дека нема да надмине еден милион фунти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг