Откриено праисториско богатство чувано 113 милиони години! Еве за што станува збор

Точка

30/08/2022

16:46

30.208

Големина на фонт

а а а

Научниците дошле до неверојатно откритие во Тексас бидејќи откриле отпечатоци од стапала на диносауруси кои живееле пред 113 милиони години.

Тие дошле до заклучок дека овие отпечатоци припаѓаат на вид диносауруси кои биле високи околу 4,5 метри и тешки во просек околу седум тони. Тие најверојатно припаѓаат на групата акрокантосаурус.

Отпечатоците биле пронајдени во близина на паркот Долина на диносаурусите во Тексас.

Интересно е дека овие траги во Тексас може да се видат бидејќи завладеала суша. Кога не владее суша, траговите се покриени со вода, па не се видливи.

Повеќето пронајдени отпечатоци припаѓаат на акрокантосаурусите, а тоа биле диносауруси кои стоеле на две нозе како луѓе. Експертите објаснуваат дека калта во оваа област е идеална за зачувување на трагите поради наслагите на калциум карбонат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг