Оваа апликација произведува звук секојпат кога вашиот компјутер испраќа податоци до „Google“

Точка

27/08/2022

12:37

26.197

Големина на фонт

а а а

Програмер креирал алатка која произведува звук секојпат кога вашиот компјутер ќе испрати податоци до „Google“.

Уморни сте од рекламите кои се појавуваат само неколку минути откако сте пребарале нешто? За да покаже колкава е „гладта“ за податоци на „Google“, Берт Хуберт, програмер од „PowerDNS“, го создал софтверот наречен „Googerteller“ кој произведува звук секојпат кога вашиот компјутер ќе испрати податоци до „Google“.

Хуберт ги собрал IP адресите поврзани со услугите на оваа компанија, со исклучок на „Google Cloud“, така што „Googerteller“ може лесно да следи што се испраќа на тие сервери. Софтверот се огласува со звучен сигнал ако апликацијата или веб-страницата која ја користите ќе пристапи до една од овие IP адреси.

Можеби мислите дека знаете колку често вашиот компјутер комуницира со „Google“, но користењето на „Googerteller“ би можело да ви ги отвори очите. Додека внесувате зборови во полето за пребарување, секое притискање на копче на тастатурата доведува до звучен сигнал бидејќи „Google“ презема предлози за автоматско довршување.

Но, тука дури не е исклучиво виновен само „Google Chrome“, бидејќи и „Firefox“ дава слични резултати. Како што се гледа на видеото кое го објавил Хуберт, речиси секоја интеракција со страницата која ја посетил резултира со звучен сигнал, веројатно поради сите податоци кои се собираат со помош на „Google Analytics“.

Со оглед на тоа што овој софтвер е креиран за „Linux“, неговата употребливост е ограничена.

Ако сакате да го испробате „Googerteller“, можете бесплатно да го инсталирате, но имајте на ум дека може брзо да ви стане здодевен. Исто така, „Googerteller“ само ве известува што се случува, но останува на вас да ги ограничите податоците кои ги ставате на располагање.

Хуберт моментално работи на проширување на „Googerteller“ со IP адресите на „Facebook“ кој како и „Google“, е познат по собирање податоци од корисниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг