Линда Еванџелиста позирала за британскиот „Vogue“ и признала дека не изгледа како на фотографиите: „Сите мои несигурности се прикриени на овие фотографии“

Точка

19/08/2022

18:05

8.188

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите супермодели на 90-те и жена која се сметаше за најголема муза на луксузните дизајнери, Линда Еванџелиста, ја краси насловната страница на септемвриското издание на „Vogue“, со што на голема врата се врати на модната сцена по повеќегодишната пауза.

Некогашната ѕвезда на модните писти со години се криеше од јавноста поради нуспојавите од т.н. „CoolSculpting“ процедура која тргнала наопаку и оставила трајни последици на нејзиното лице. Но, неодамна Еванџелиста решила да го остави минатото зад себе и повторно да се обиде да го пронајде своето место во светот на модата.

Славната 57-годишна манекенка минатиот месец беше дел од новата кампања на брендот „Fendi“, а сега позирала пред објективот на фотографот Стивен Мајсел за потребите на едиторијалот на „Vogue“.

Објавените фотографии се доказ дека Еванџелиста и понатаму ја красат неверојатна харизма и отменост.

Линда сакала да биде сосема искрена пред публиката, признавајќи дека шминкерката Пет Мекграт сепак ѝ помогнала да изгледа поинаку на новите фотографии отколку што тоа е случај во реалноста. Имено, шминкерката ѝ го затегнала лицето, вилицата и подбрадокот со ленти за затегнување, за да се ублажат видливите последици од естетскиот третман.

„Тоа не се моите вилица и врат во реалниот живот и не можам да одам насекаде со еластични ленти. Знаете што, се обидувам да се сакам себеси таква каква што сум, но со фотографиите е поинаку... Отсекогаш сум мислела дека со фотографиите создаваме фантазија. Создаваме соништа. Мислам дека тоа е дозволено. Исто така, сите мои несигурности се прикриени на овие фотографии, па можам да го правам она што го сакам“, истакнала Еванџелиста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг