„Го обожувам Роналдо, шармантна е идејата да го донесеме, но нема контакти … “

Точка

19/08/2022

16:46

2.863

Големина на фонт

а а а

Ханс-Јоаким Вацке, извршен директор на Борусија Дортмунд, вели дека тимот нема да го доведе Кристијано Роналдо.

„RMC“ во четвртокот пренесе дека менаџерот на Роналдо е во контакт со Борусија од Дортмунд, но „милионерите“ сепак не сакат да потрошат многу пари на Кристијано.

Вацке на дипломатски начин ги отфрлил шпекулациите поврзани со Португалецот, кој според некои медиуми сака да замине од Јунајтед за да игра во Лигата на шампиони.


„Го обожувам Кристијано Роналдо, секако е шармантна таа идеја да го донесеме, да игра на Вестфален, но нема контакти меѓу вклучените страни“, рекол Вацке.

Борусија веќе го ангажираше Ентони Модест во нападот. Пристигнал како замена за Себастијан Але, кој боледува од рак на тестиси.

Роналдо не успеа да му помогне на својот тим да избегне два порази во Премиер лигата. Инаку, Јунајтед оваа сезона ќе игра во Лига Европа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг