Во Прилеп е приведен криминалец од Штип, се бара за издржување казна затвор

Макфакс

19/08/2022

16:10

1.954

Големина на фонт

а а а

На 19.08.2022 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола, Одделение за криминалистичка полиција Битола, Полициска станица Битола, во координација со Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода Б.Н. (29)од Штип.

За него била распишана потерница по наредба од Основен суд Штип со која се бара за издржување на казна затвор за извршени повеќе тешки кражби, насилства и разбојништва во повеќе градови во период од три години.

Тој бил приведен во полициска станица Битола за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг