Дарко Чурлинов ги мина медицинските прегледи и потпиша за Барнли

Макфакс

19/08/2022

16:09

2.496

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е нов фудбалер на Барнли. Тој во текот на денешниот ден ги мина медицинските прегледи и потпиша договор со клубот од Чемпионшип.

Барнли на Штутгарт ќе му исплати 3,5 милиони евра, а дополнителни 1,5 милиони евра се врзани преку бонуси. Дарко Чурлинов лично има многу подобри финансиски услови во англискиот клуб.

Менаџерот на Барнли, Венсан Компани, беше човекот кој успеа да го убеди Дарко Чурлинов да ја напушти Бундеслигата и да се пресели на Островот. Се очекува македонскиот репрезентативец брзо да ја има и официјалната промоција во новиот клуб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг