Москва: Се додека руската армија е во Запорожје, нема да има нов Чернобил

Макфакс

19/08/2022

15:35

1.539

Големина на фонт

а а а

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков изјави дека руското воено присуство во нуклеарната централа во Запорожје гарантира дека „сценариото на Чернобил“ нема да се повтори.

Портпаролот на руското министерство, Иван Нечаев, вчера изјави дека е „неприфатлив“ предлогот на ОН за демилитаризација на областа околу нуклеарната централа, најголемата во Европа.

Русија ја освои областа околу Запорожје во март годинава.

Нуклеарната централа е во близина на линијата на фронтот и беше цел на гранатирање во изминатата недела, што ги зголеми стравувањата за нуклеарна катастрофа како онаа во Чернобил во 1986 година, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за нападите.

Украинската државна енергетска компанија Енергоатом објави дека руските сили планираат да ги затворат функционалните енергетски единици во централата и да ги исклучат од електричната мрежа на Украина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг