Темната страна на пејачката со ангелски глас: Постојано го малтретира персоналот, а поради нејзините барања бројни соработници ѝ го свртеле грбот

Точка

19/08/2022

16:02

8.663

Големина на фонт

а а а

На јавноста ѝ е позната по одличниот глас, но велат дека постои и темна страна на нејзината личност која на своја кожа ја почувствувале персоналот, но и нејзините соработници.

Актерка на оваа приказна е познатата пејачка Кристина Агилера за која многумина велат дека има ангелски глас. И навистина, со нејзините интерпретации ретко кој може да се споредува, а поради тоа доби и заслужено место во жирито на популарното шоу „The Voice“.


„Тоа стана нешто што не мислев дека ќе биде кога се пријавив да учествувам. Тука воопшто не се работеше за музика, стануваше збор за добра приказна и посебни моменти. Не започнав да се занимавам со оваа професија за да бидам водителка на ТВ емисија и да ме ограничуваат со правила како: „Не можеш да го носиш ова, не можеш да го кажеш тоа“. Се обидував очајнички да се изразам преку облеката, шминката или фризурата. Тоа беше мојот единствен излез“, го изразила пејачката своето разочарување за учеството во споменатото шоу.

Организаторите ѝ замериле на тоа, кои на Агилера ѝ плаќале дури 17 милиони долари по сезона.


„Со Кристина е тешко да се работи, често доцни и никогаш не ѝ е жал што сите ја чекаме. За работите да бидат уште полоши, таа во текот на емисиите постојано се караше со Адам Левин, тие не можат да се поднесат еден со друг“, раскажале нејзините поранешни соработници.

Додека се снимал „The Voice“, пејачката доцнела и по половина час, а нејзиниот незгоден нарав доаѓал до израз кога се карала со членовите на екипата како шминкери, фризери или костимографи. Кристина останала без ангажман, а и бројни соработници ѝ го свртеле грбот бидејќи барала да ѝ бидат на располагање 24 часа, секој ден во неделата.


„Никогаш не ѝ претставуваше проблем да ја разбуди дадилката или собарката за најбаналното нешто. Еднаш ја повикала чистачката да дојде од другиот дел од куќата за да ѝ подаде пешкир кој ѝ бил на дофат на рака“, раскажал извор.

Некои велат дека причина за ваквото однесување на Агилера е зависноста од алкохол, а некои пронаоѓаат објаснување во нејзиниот тежок карактер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг