„Не мора да се туширате секој ден, користете влажни пешкири“

Точка

19/08/2022

14:02

5.857

Големина на фонт

а а а

Премиерот на германската покраина Баден-Виртенберг, Винфрид Кречман, со цел штедење на енергија, им препорачува на граѓаните да не се тушираат секој ден, туку наместо тоа да користат влажни пешкири.

Во интервју за весникот „Зидвест Пресе“, Кречман, кој минатите недели често апелирал до граѓаните да се воздржат од туширање и капење, рекол дека влажните пешкири или крпи се корисен изум.


Инаку, министерот за економија на Германија, Роберт Хабек, во кампања на владата, препорачува кратко туширање со студена вода.

„Да го намалиме времето на туширање на најмногу пет минути и да ја намалиме температурата на водата. Со тоа ќе заштедиме не само на топла вода, туку и на енергија“, објаснува тој во кампањата.


И сенаторката за екологија во владата на Берлин, Бетина Јараш, неодамна ги повикала граѓаните на пократко туширање, наместо капење.

Таа, во една изјава, рекла дека и самата „се капе како мачка“, а тој поим во Германија се користи за брза хигиена на телото со користење на влажни крпи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг