Како настанал најпродаваниот хит во историјата на музиката: Пејачката која ја изведе песната за „Титаник“, прво не сакала да ја отпее

Точка

19/08/2022

14:02

6.008

Големина на фонт

а а а

Пејачката Селин Дион одбивала да го сними популарниот хит „My Heart Will Go On“.

Но, песната доживеа планетарна популарност, како и филмот „Титаник“ за којшто и била направена.

Речиси и да не постои личност која не го гледала или пак која не слушнала за филмот „Титаник“. Меѓутоа, тоа што исто така го направи популарен е и баладата „My Heart Will Go On“ која ја изведува пејачката Селин Дион.


На Селин Дион овој хит ѝ донесе огромна популарност, а интересно е тоа што таа не сакала да ја сними песната.

Менаџерот на Селин, Рене Анжели, успеал да ја убеди пејачката да сними демо-верзија од песната, што пејачката не го правела со години.

„Не се чувствувам добро. Имам стомачни болки...“, велела пејачката тогаш за да го избегне снимањето на хитот.


Песната е снимена „од прва“, односно Селин само еднаш ја отпеала и таа демо-снимка била пуштена како песна.

Се докажало дека ова е еден од најзначајните хитови во кариерата на пејачката. Имено, таа добила и големи награди, наградена била со Оскар за најдобра оригинална песна, добила Златен глобус, Греми во три различни категории како и наградата Сателит.

Песната се нашла и на првото место најпродавани хитови во историјата на музиката.

„My Heart Will Go On“ испраќа моќна љубовна порака и зборува за настаните од филмот. Џек настрадал за да го спаси животот на Роуз во трагедијата која го снашла Титаник, но по стиховите на песната тој засекогаш ќе живее во нејзиното срце кое ќе чука за двајцата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг