(Видео) Русковска: Ова не го сметам за супспензија на Вилма Русковска туку за правото и правдата

Макфакс

19/08/2022

13:21

3.281

Големина на фонт

а а а

Вилма Русковска за својата супспензија посочи дека смета дека тоа е супспензија на правдата. Таа по одлуката на републичкиот обвинител Љубомир Јовески посочи дека никој од нејзините колеги нема озбилно да се занимава со нејзините предмети.

“Ова не го сметам за супспензија на Вилма Русковска туку за правото и правдата. Без разлика што имаше соопштение дека ќе продолжат предметите, не верувам дека било кој ќе се занивама озбилно со нив”, посочи Русковска.

Според неа, со жалбата ги демантира наводите на Јовески со кои и изрече супспензија. За одлуката на Јовески по увидот од двајца обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, претрсот во Финансова полиција да го прогласи за незаконски, таа вели дека тој е ненадлежен да го констатира тоа.

“Дали е законит претресот или не е, исклучиво одлучува судот. Ние како обвинители сме странки и не можеме да кажеме дали претрсот е законит или не е законит. Било кој што сметал дека му е повредено некое право, имал право да вложи жалба до судот. Сметам дека кривична пријава е кривична пријава”, додаде Русковска.

За случаите поврзани со работата на станица за технички преглед поврзана со „Беса транс“, како и за предметот кој се однесува на Финансиската полиција, кажа дека постапувала. Не откри дали пред претресот во Финансиската полциија имала било какви докази.

“Во првиот случај за Станицата за технички преглед немаше наредба за претрес. Беше одземена документација само. За Финансиската полиција, јас во вторникот сослушав сведок. За средата имав сослушување на двајца сведоци”, додаде Русквоска.

Таа кажа дека треба да ги предаде предметите кои ги работела, а за предметот поврзан со работата на Финансиската полиција посочи: “Не дојдовме до докази. Ние со претресот ги наброивме кои предмети треба да ни бидат доставени. Од 300 предмети доставени се 30 предмети”.

Русковска: Не се гледам во ликот на Катица Јанева

Обвинителката Вилма Русковска не сака да верува дека политичар или политика стои зад суспензијата и дисциплинската постапка, ама бара од новинарите тоа да го утврди. Таа вели дека ова не го гледа како притисок од актуелната влада, а не сакаше да каже од која поради страв дека ќе и поднесат тужба за клевета. Себеси не се гледа во ликот на Катица Јанева, која исто така беше разрешена од функцијата во СЈО.

„Не се гледам во ликот на Катица Јанева. Не сум ја злоупотребила функцијата, немам намера да ја злоупотребувам, а не поготово, особено, за парични средства како што беше докажано. Не ја споредувам мојата судбина со истата. Сметам и повторно сакам да нагласам дека се што е преземено во предметите е согласно законите“, кажа Русковска.

Русковска не се гледа како републички обвинител, бидејќи тој се предлага од Владата.

„Не верувам дека ќе бидам нивни предлог“, кажа Русковска, па на прашање дали супспензијата и дисциплинската се притисок од Владата, таа додаде: „Од сегашната не е затоа што јас колку што се сеќавам, уште на старт имаше соопштение од нив дека ја поддржуваат борбата против корупцијата. Не доаѓа од оваа Влада, а ние сме имале други влади претходно“, додаде Русковска.

Таа кажа дека е поддржана од колеги од регионот кои и нуделе помош и поддршка, како и дека и се јавиле судии и обвинители, како и адвокати од Македонија.

„Не сум се чула со јавниот обивнител, воопшто. Во врска со повикот до меѓународната заедница, сакам да истакнам дека јас не очекував јавно да се вмешаат во работата на обвинителството и судот. Тоа беше повеќе до јавноста, дека немам што да кријам“, кажа Русковска.

Најверојатно, нејзин заменик до в.д. шеф на обвинителството ќе биде Лиле Стефанова. Таа доаѓа од СЈО. Во неа, Русковска рече дека нема зошто да не и верува.

„Она е избрана од Советот на јавни обвинители во ОЈО-ГОКК. Доколку членовите на советот и дале доверба, нема зошто јас да немам доверба во неа. Во годишниот распоред ја ставив раководител во Одделението за гонење на лица со полициски овластувања, која е важна функција“, кажа Русковска.

„Јас искрено како обвинител не сакам да поверувам во такво нешто“, кажа Русковска на прашањето дали од политички причини е суспендирана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг