Барселона се мачи да се ослободи од Дест, веќе влегла во преговори со еден десен бек

Дерби

19/08/2022

12:59

2.548

Големина на фонт

а а а

Од таборот на Барселона планираат да го засилат својот тим со уште еден десен бек до крајот на преодниот рок.

За да се реализира оваа трансфер операција на Жоан Лапорта, од клубот прво треба да се ослободат од Сержињо Дест кој упорно одбивал да си замине од „Камп Ноу“ иако не е во плановите на Чави Ернандез.

„Каталонците“ се сериозно заинтересирани за Хуан Фојт од Вилјареал, но засега преговорите не се во напредна фаза токму поради Дест.

За Сержињо Дест има интерес од Манчестер Јунајтед кој пак е подготвен да го понуди Арон Ван Бисака на Барселона. Сепак шпанскиот тим не планира да го ангажира бекот кој нема да има голема минутажа кај Ерик Тен Хаг оваа сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг