Обамејанг се поблиску до враќање во Премиер лигата

Дерби

19/08/2022

12:58

2.273

Големина на фонт

а а а

Габонскиот интернационалец и член на Барселона, Пјер Емерик Обамејанг би можел да се врати во премиерлигашкиот фудбал.

Офанзивецот веќе извесен период се поврзува со трансфер во редовите на Челси, а според последните најави такво нешто во моментов е и тоа како извесно.

Имено, играчот се согласил да потпише договор со „сините“ од Лондон, а според Фабрицио Романо веќе ги договорил и личните примања со клубот.

За реализација на трансферот сега останува да се договорат двата клуба околи висината на обесштетувањето кое треба да го добие Барселона.

Каталонскиот клуб барал 30 милиони евра, сума која од Челси не планираат да ја платат посочувајќи дека истата била премногу висока.



Спонзорирани линкови

Маркетинг