Од утре пороен дожд, грмежи, ветер и локално невреме

Макфакс

19/08/2022

12:48

2.180

Големина на фонт

а а а

Од утре до средината на следната седмица подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран.

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

Температурите значително ќе се намалат.

Во Скопската Котлина ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг