Короната ги „уби“ казината: Макао во загуба од повеќе милијарди долари, а крајот не се гледа

Точка

19/08/2022

11:34

3.092

Големина на фонт

а а а

Кинезите и натаму воведуваат рестриктивни мерки со растот на бројот на новозаразени, а тоа продолжува негативно да се одразува на казината, кои се во двојно поголеми загуби отколку минатата година, кога пандемијата го доживеа својот пик.

Макао, Мека и Медина за сите коцкари, е целосно уништен поради рестриктивните мерки кои Кина не престанува да ги воведува, со секој нов пораст на бројот на новозаразени. Загубите кои овој регион, познат по бројот на казината ги има, сега се бележат во милијарди долари, а сопствениците на компаниите кои ги водат казината се сосема ужаснати.

Поради мерките за заштита од коронавирусот посетеноста на казната во Макао е многу намалена, поради што уследиле големи парични загуби.

Додека казината во Лас Вегас се враќаат во нормала, 41 казино сместено на Макао, единственото место во Кина каде коцкањето е легално, продолжуваат да одат во минус, со оглед на тоа дека минатиот месец биле затворени поради ново избивање на пандемијата.

Кинезите воведуваат нови мерки и рестрикции за да се изборат со растот на бројот на заразени.


Повеќе од две години рестрикции кои овој вирус ги повлече со себе, донеле задолжувања и кредити за компаниите во чија сопственост се казината, и кога почнале да ги објавуваат своите загуби, станало јасно колку е ситуацијата сериозна по оваа индустрија.

Така „Galaxy Entertainment“ пријавила загуба од 108 милиони долари само меѓу јануари и јуни, додека „Meiko resort“ е во загуба од 434 милиони долари за истиот период.

Во црвено влегол и „Win Macao“, кој пријавил загуба од 3,6 милијарди долари, додека неговиот ривал „MGM“ изгубил 2,4 милијарди долари.

Двете компании ги обвинуваат ковид мерките и ја истакнуваат несигурноста дека оваа област ќе се врати во нормала, односно во состојбата која била пред избивањето на пандемијата.


Подобро нема да биде

Тешко дека Макао ќе види подобрување пред 2023-та година, оценуваат аналитичарите, со оглед на тоа дека се очекува посетата и натаму да биде слаба поради страв од нови заклучувања.

Сопствениците на казина вложиле милијарди долари во текот на две децении за оваа област да заживее, а сега сето тоа полека паѓа во вода.

Едно од водечките казина, „SJM Holdings“, чии акции паднале за повеќе од 50 проценти во текот на минатата година, изгубил 2,75 милијарди долари во првата половина од годината, што е двојно повеќе од загубата од една година претходно во текот на самиот пик на пандемијата.

„Игрите на среќа во Макао, хотелите, рестораните и останатите активности кои не се однесуваат на коцкање, а зависат од туризмот, ќе продолжат да бидат под негативно влијание на Ковид во наредниот период, а крајот на тој период сè уште не се гледа“, наведуваат службеници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг