Кој автомобил најчесто се гледа во филмовите?

Точка

18/08/2022

21:26

26.520

Големина на фонт

а а а

"Carwow" ги пребарувал светските филмски бази на податоци во потрага по автомобилот кој најмногу се појавувал во филмовите.

Победникот е очигледен, но тешко е да се погоди.

Во многу од големите филмски хитови автомобилот игра главна или споредна улога. Кои модели најчесто се користат? Анализата на филмските бази на податоци "IMDB" и "IMCDB" покажува дека победник е малку неугледниот американски модел "Ford Crown Victoria", пренесува "Revija HAK".


"Ford" исто така е марката која најчесто се појавува на филмското платно. Дури 10.363 примероци се прикажани во играните филмови - повеќе од било која друга марка на автомобил. "Ford Crown Victoria" се појавил на екранот вкупно 1019 пати. Причина?

Верзијата на овој "Ford" била најчесто користен модел на полициски автомобил во САД меѓу 1997-ма и 2013-та година. На второ место марката "Chevrolet", а следат "Mercedes-Benz", "Fiat", "Volkswagen", "Toyota", "Dodge", "BMW", "Cadillac" и "Jeep".


Од германските автомобили, "C" класата е најчеста во филмовите, па во базите на податоци се споменува 758 пати. "BMW 5" следи на второ место со 650 филмски појавувања, а на трето место е "BMW 3" со 642 појавувања во светските филмски продукции.




Спонзорирани линкови

Маркетинг