Русија не може да се сопре по воен пат! Орбан предупредува - Европската унија ќе ја изгуби моќта кога војната ќе заврши

Точка

18/08/2022

20:20

5.985

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан рекол дека санкциите за Русија не ги даваат саканите резултати и дека западните сили не можат на воен начин да ја завршат војната во Украина.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја коментирал актуелната геополитичка ситуација и навел дека санкциите за Русија не ги даваат саканите резултати, како и дека западните сили не би можеле по воен пат да ја завршат војната во Украина. Според неговите зборовите, војната во Украина има потенцијал да ја заврши "западната хегемонија на глобално ниво".

Орбан ова го изјавил во интервју за германското списание "Tichis Eiblick" кое било објавено денеска. Тој рекол дека очекува слабеење на моќта и влијанието на ЕУ откако ќе заврши војната во Украина.


„Сосема е можно токму оваа војна во Украина демонстративно ќе стави точка на западната надмоќ“, рекол Орбан.

Тој ги навел дека државите кои не ја следат агендата на западниот свет кој ја поддржува Украина. Тоа според неговите зборови се Кина, Индија, Бразил, Јужна Африка и арапскиот свет.

„Западот не е во состојба да го добие судирот по воен пат. Санкциите не успеаја да ја дестабилизираат Русија. За работата да биде уште полоша, казнените мерки спектакуларно се одразија на Европа“, рекол тој.


Премиерот на Унгарија навел дека Русија има сопствени извори на енергија, додека на Кина сега и е подобро отколку пред почетокот на оваа војна.

„Кина претходно беше на милост и немилост на Арапите, но повеќе не е така“, истакнал Орбан мислејќи на пазарот за нафта.

Орбан и највисоките унгарски службеници го критикувале пакетот санкции за Русија со тврдењето дека тие повеќе им штетат на самите членки на ЕУ отколку на Русија. Будимпешта неколку пати недвосмислено инсистираше дека не може и нема да ја ризикува безбедноста на унгарскиот народ и дека нема да биде вовлечена во судирот меѓу Украина и Русија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг