Пиво 70 денари, ручек 700 денари, Британците воодушевени: „Ова е всушност како Грција, но одморот чини многу помалку“

Точка

18/08/2022

20:12

37.651

Големина на фонт

а а а

Според мислење на многу од туристите, Албанија е неправедно запоставена летна дестинација.

Албанија станала целосен хит меѓу тиктокерите, особено меѓу оние од британскиот пазар. Експертите за патување истакнуваат дека Албанија за својата популарност летово може да им се заблагодари на социјалните мрежи.

„Тука се ѕвездите на социјалните мрежи и Албанија го искористи тоа“, изјавила за „The Times“ Ел Мар, претставничка на британскиот тур-оператор.


„Луѓето ја виделе Албанија на фотографиите, слушнале за неа и сфатиле дека тоа е прекрасна земја поради нејзините крајбрежја и природни убавини“, додала таа.

Меѓу најпопуларните дестинации на ТикТок е летувалиштето Ксамил во Јонско море, а снимките настанати таму биле прегледани над 60 милиони пати.

На корисниците на социјалните мрежи не им е јасно како тоа е запоставена локација со оглед на прекрасната природа, а чини многу помалку од сличните места во Хрватска и Грција.


„Ова е всушност Грција, но чини многу помалку. Плажите се прекрасни, секогаш чисти и на нив има слободни лежалки. Навистина е мирно и не е преполно со туристи. Храната е одлична, а виното е евтино“, напишал некој корисник.

„Имате планини, плажи, прекрасни села... Толку мала земја, а има сè. Исто така една од најповолните земји во која сум бил, одлична е и може да поминете и со скромен буџет“, порачал друг тиктокер.


Кога станува збор за цените, тиктокерите наведуваат дека чаша вино таму чини околу 110 денари, пиво 70 денари, додека пак цената на комплетен оброк во рестораните се движи од 700 до 1500 денари.

Тие оброци вклучуваат најчесто плодови од морето, како и пиење и разни јадења од тестенини.




Спонзорирани линкови

Маркетинг