(Видео) Расте бројот на настрадани поради невремето на Корзика - загинале 5 лица

Точка

18/08/2022

21:35

3.175

Големина на фонт

а а а

Силните бури со грмотевици и ветрови го погодиле францускиот остров Корзика. Бројот на настрадани расте и од утрово смртно настрадале пет лица, а повеќе се повредени, јавуваат француските медиуми.

По три дена силни дождови и бури денеска смртно настрадале пет лица, а не три, како што претходно беше известено, соопштила полицијата на Корзика.

Силниот дожд и ветровите чија максимална брзина изнесувала 224 километри на час дивеат на францускиот остров. 13-годишно девојче загинало кога стебло паднало во кампот во кој престојувала, а 72-годишна жена смртно настрадала кога на нејзиниот автомобил паднал кров од колиба на плажа, објасниле власите.

Најмалку 12 лица се повредени на островот, а на море траат операции за спасување, додале од полицијата.

Во копнениот дел на Франција околу 1.000 домаќинства останале без струја, откако бура ги погодила јужните департмани Лоире и Аин, објави "Enedis".

Во средата навечер улиците на Марсеј биле поплавени, а потоци вода се слевале по скалите на пристанишниот град, покажуваат снимки од социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг