Бен Стилер се изборил со канцер на простатата, а еве како сфатил дека боледува од тој опасен канцер.
Актерот Бен Стилер се изборил со агресивниот канцер на простата поради кој морал да биде опериран. Стилер повеќе пати отворено зборувал за тоа како го открил канцерот на простатата и споделил совети со сите мажи на светот.
Славниот комичар и актер немал никакви симптоми на канцер на простата, ниту пак тегоби, но ни историја на оваа опасна болест меѓу мажите во семејството.
Туморот на простатата му бил откриен во 2014 година со помош на тестирање околу кое докторите воделе вистинска битка.
Станува збор за анализа PSA, тумор-маркер за карцином на простата.
Американското здружени на уролози советува дека PSA тестирањето треба да го прават мажи постари од 40 години, додека пак американското здружение за карцином смета дека тестирањето не треба да го прават мажите пред 50-от роденден.
„Овој тест ми го спаси животот, а знам дека околу него се водеше голема дебата. Имав 46 години кога ми беше направено тестирањето“, изјавил актерот.
Тој имал зголемено ниво кое докторот го следел во текот на наредната година и пол и сфатил дека константно се зголемува.
Потоа бил направен физички преглед, MRI скенирање и биопсија и на актерот му била поставена дијагноза на средно, агресивен карционом на простатата.
Бен Стилер веднаш бил опериран, отишол на лапароскопска радикал простатектомија, односно отстранување на простатата и туморот кој се наоѓал во неа.
„Да чекав на тестот, четири години не би знаел дека имам тумор кој расте во мене. Да ги слушав советите, воопшто не би се тестирал и канцерот можеби ќе беше откриен предоцна за да може да биде излекуван“, изјавил тој.
Канцерот на простата во Америка, каде живее Стилер, е втор најчест кај мажите по канцерот на кожа, а овој тип канцер е сè почест и кај останатите мажи во светот.