Автопатот Непу-Напо во југозападниот кинески регион Гуангси се смета за еден од најубавите на светот.
Кина е земја со многу прекрасни локации и неверојатни патишта. Но, автопатот Непу-Напо, којшто се протега низ југозападниот регион Гуангси, навистина е посебен.
Бетонската структура претставува моќен контраст на густите шуми и брда кои ја опкружуваат и создава прекрасна сцена на која ретко кој може да ѝ одолее.
Светските медиуми го прогласија автопатот S6o кој се наоѓа во близина на границата со Виетнам за еден од најубавите на светот.
Иако на фотографиите од птичја перспектива често е празен, граден е со мисла во иднината.
Во земјата со најмногу жители на светот живеат 1,4 милијарди луѓе од кои 40 отсто се во руралните краишта.
Погледнете ги фотографиите: