Бразилската манекенка и една од најубавите жени на планетата по летувањето во Црна Гора, ја посетила српската престолнина.
Популарната манекенка и некогашен ангел на „Викторија Сикрет“, Алесандра Амбросио, поминала неколку денови во црногорското приморје каде уживала со семејството.
Откако се одморила на море, таа одлучила да продолжи до Србија, каде моментално престојува во еден белградски хотел.
Кога одлучила да излезе и да го истражи главниот град на Србија, папарацо фотографите ја следеле, па социјалните мрежи се преплавени со фотографии од убавата Бразилка.
Алесандра за оваа лежерна прошетка избрала едноставна модна комбинација за секој ден, а станува збор за асиметричен фустан, истиот е со мини-должина.
Манекенката се определила за фустан со ефектен дезен т.н. „пејсил- дезен во орнаментален стил“ со розови и бели детали.
Таа носела и минијатурна жолта чанта од модната куќа „Chanel“ и едноставни светлокафеави влечки, а сите ги маѓепсала со својот природен изглед.
Дали ви се допаѓа?