Дали медот е секогаш здрав? На овој начин го претворате во отров, велат експертите

Точка

17/08/2022

18:43

16.899

Големина на фонт

а а а

Медот е многу здрава намирница, но со неговото консумирање не треба да претерувате.

Светските експерти од областа на здравата исхрана не препорачуваат младите да консумираат повеќе од две до три лажички од овој сладок нектар дневно.

За лицата кои патат од одредени болести не се препорачува повеќе од една лажичка во текот на денот.

Гојазните лица и оние кои боледуваат од дијабетес, атеросклероза или хипертензија треба да бидат внимателни при внесувањето на оваа намирница.


Покрај тоа, нутриционистите предупредуваат дека алергијата на мед е многу честа и секој може да биде алергичен, без оглед на возраста.

Уште една работа која многумина ја прават кога користат мед може да биде погрешна. Имено, многу од луѓето медот го додаваат во вода која врие. Зошто ова не е правилно?

Доколку медот се додаде во вода која врие, тој ги губи корисните својства и произведува отров. Доколку правите чај, никако немојте да го ставате во жешка вода, туку медот додадете го кога водата малку ќе се излади и кога е помалку топла. Температурата на водата не треба да надминува 40 степени Целзиусови.

„Медот произведува диоксометил, супстанција во вода која врие, а тоа е отров“, велат експертите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг