Едноставна, а сепак одлично облечена: Анџелина го носи најубавиот фустан за ова лето

Точка

17/08/2022

16:42

10.653

Големина на фонт

а а а

Совршениот фустан за ова лето го носи актерката и режисерка Анџелина Џоли, но не сме многу изненадени што го понесе токму оваа холивудска ѕвезда, со оглед на нејзиниот одличен стил.

Анџелина Џоли со години спаѓа во редот на најдобро облечени жени на светот. Тоа честопати беше во втор план – делумно поради нејзината убавина која ги засенуваше и нејзините улоги, а делумно поради разните приказни кои се неизбежни во светот на шоу-бизнисот.


Но, навистина треба да се нагласи колку е одличен стилот на облекување на оваа актерка – таа речиси и никогаш не прави модни грешки. Џоли има изградено стил кој го опишуваат неколку зборови: едноставност, елеганција и софистицираност, а со самото тоа нималку наметлив моден фазон. Ова последното е една од причините зошто не се зборува често за начинот на облекување на Анџелина – за жал, во прв план сè почесто се ставаат естетски неприфатливите модни комбинации.


Меѓутоа, она што е добро останува добро, што и да се случува наоколу. Познатата актерка и режисерка повторно ја докажа моќта на својот стил неодамна во Лос Анџелес, кога папараците ја фотографирале во друштво на нејзиниот син Нокс.

Едноставен бел фустан на преклоп со миди должина, папучи со минимална потпетица и бела елегантна чанта украсена со златни, но дискретни детали – тоа е нашиот совршен летен фустан.


Можеби сте забележале дека Џоли сака да го истакнува струкот, односно да носи ремени кои ги прават комбинациите уште поженствени, а на нејзината градба ѝ одговара токму таква гардероба.

Секако, неизоставен моден „додаток“ на Анџелина ова лето е и нејзината прекрасна насмевка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг