Нејзиниот полубрат тврди дека станува збор за убиство: Мистериозната смрт на славната актерка и нејзиниот сопруг и натаму го интригира светот

Точка

17/08/2022

15:33

6.840

Големина на фонт

а а а

На 20 декември 2009 година светот бил шокиран од веста дека актерката Британи Марфи почина на 31-годишна возраст. Само пет месеци подоцна, на идентичен начин, во истата просторија починал и нејзиниот сопруг.

Се чинело дека сè е јасно, а пет месеци подоцна од таа вила во Лос Анџелес пристигнала веста – сопругот на Британи – Сајмон Монџак, пронајден мртов во истата таа просторија. Причината за смртта била идентична како и во случајот на неговата почината сопруга: воспаление на белите дробови и анемија.

„Тоа е трагична случајност“, изјавил командантот на лосанџелската полиција, Ендру Смит.


Таткото на актерката со години тврдел дека неговата ќерка всушност е убиена. Откако и тој починал, борбата за да се докаже тоа ја продолжил неговиот син и полубрат на Британи, Тони Бертолоти.

Како што истакнал во интервју, Британи изгледала како здрава девојка, а особено му пречело тоа што починала додека нејзината мајка и сопруг биле покрај неа и не ја однеле во болница која се наоѓала во близина на вилата.

„Мислам дека таа е убиена. Кој ја убил? Не почина од природна смрт?“, бил јасен нејзиниот полубрат.

Странските медиуми додаваат дека мајката на актерката Шерон, укажувала на присуство на токсични материи во куќата, но форензичарите го исклучиле тој фактор како можна причина за смртта.

Како што додава полубратот на актерката, тој верува дека оваа мистерија е поврзана со голема дрога која нејзиниот сопруг Сајмон ја имал поради тоа што лошо ги водел неговите работи.


Наводно тој имал шестцифрен долг, а нејзиниот полубрат тврди дека Британи многумина ја гледале како начин да дојдат до пари, како и дека на поединци повеќе им вредела мртва отколку жива.

„Морате да гледате кој ги зема парите. Не знам. Секојпат кога ќе се емитуваше нејзин филм, некој добива пари. Кој ги има парите, тој ја знае вистината“, заклучил тој.

„Околу Британи имаше група од 15-30 луѓе и кажете ми како никој не знае ништо? Се шегувате? Кога би имал пари правилно да ја истражам нејзината смрт, сите би ги испрашал, но тие не би зборувале со мене“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг