По низата обвиненија, се огласи проблематичниот актер: „Боледувам од комплексни психички проблеми“

Точка

17/08/2022

15:00

5.817

Големина на фонт

а а а

Откако повеќепати беше обвинет за непредвидливо однесување и откако западна во правни проблеми, американскиот актер Езра Милер реши да се огласи и да открие што се случува со него.

Како што е истакнато во неговото соопштение за јавноста, Езра се бори со комплексни психички проблеми.

„Во последно време поминував низ интензивна криза, а сега сфаќам дека боледувам од комплексни психички проблеми поради кои започнав да се лекувам. Сакам да им се извинам на сите кои ги вознемири моето однесување“, изјавил Милер и додал:


„Подготвен сум да направам сè што е потребно за да се вратам во здрава, сигурна и продуктивна фаза од мојот живот“.

Обвиненијата со кои Милер се соочува во текот на последните 2 години во целост ги засенија неговите достигнувања. За обвиненијата кои му се товарат тој ќе мора следниот месец да оди на суд.


За потсетување, актерот во текот на изминатиот период провали во дом на непознати луѓе и беше двапати приведен на Хаваи поради малтретирање гости во еден бар и удирање на девојка со стол.

Исто така, родителите на 18-годишната Токате Ајрон тврдат дека Езра ја контролира нивната ќерка преку насилство, застрашувања, закани и дрога.



Спонзорирани линкови

Маркетинг